Народ кој нема слобода, не треба да го носи името народ… а за секој народ е света должност да се бори и, ако треба, да умре за својата слобода! А на кого ти сега можеш да се надеваш за извојување на таа слобода, ти наш скапоцен, угнетен македонски народе, ако не на  своите сопствени сили, на сопствените плеќи? Зарем ќе се надеваш на сите оние ’продажни патриоти’ кои се вртат еднаш кон Русија па кон Англија, Австрија или Франција? Зарем ќе се надеваш на оние нечесни ’големи сили’ кои отворено го помагаат истребувањето на  незаштотената раја…’, стои меѓудругото во повикот за санародна вооружшена борба за ослободување и создавање Независна Македонска Република во 1897 година.

Пишува: Блаже Миневски

„Зарем не го гледаш ти, беден народе, сиот тој срам и нечесност, тоа варварство и таа нечовечност? Зарем во тебе не врие јадот? Зарем не гледапш дека сите гледаат на тебе како на дебел плен и сакаат да те парчосат како месо? Бугарската, српската и црногорската влада склучија срамен сојуз за да те делат во погоден момент. Плукни на тој нивен срамен акт и подади рака на работниот народ што денес празнува, кој нема ништо заедничко со нивните влади и кој возвишено ја искажа својата солидарност со сиромаштијата во целиот свет… Да живее слободна Македонија!“

Ова, меѓудругото, стои во повикот до  македонскиот народ од април 1897 година, објавен од страна на Македонската социјалистичка револуционерна група со седиште во Софија.

Според д-р Михајло Миновски, кој го има истражувано дејствувањето на оваа македонска револуционерна група во борбата за слободна и независна Македонија, во програмата на групата се содржани  суштествените  елементи на една  македонска револуционерна програма, како што се ослободување на македонскиот народ и создавање на самостојна  македонска држава. Според тоа, групата, уште пред сто и дваесет години, јавно ја прифатила идејата да го подготвува и да го подготви македонскиот народ за вооружена  борба за национално, политичко и социјално ослободување, и за самостојна и независна македонска држава.

Громкиот и страшен глас на правдата и разумот

Македонската револуционерна социјалистичка група, која се пројавила упште во 1893 година, речиси во исто време кога е основана и тајната Македонска револуционерна организација, кон крајот на април 1897 година по повод Први мај, меѓунаридниот ден на трудот, всушност по  тајниот бугарско-српски договор за поделба на Македонија на сфери на интерес, потпишан два месеци претходно, објавува ’Повик до македонскиот народ’ да го земе оружјето в раце и да се бори за своето политичко и социјално ослободување и државно осамостојување, со удбедување дека во својата борба може да смета на солидарноста од стртана на работниците од целиот Балкан. Во овој свој Повик, македонската револуционерна група покрај другото предупредува дека лажните македонски патриоти работат за туѓи интереси и ’му подготвуваат ново ропство, нов јарем и пак маки и страдања’ на својот македонски народ:

„Браќа Македонци! Настапи часот, дојде свечениот момент! насекаде веќе се слуша громкиот и страшен глас на правдата и разумот, глас сладок и привлечен. Еј, сите вие угнетени народи, кревајте се, борете се машки за вашата слобода! Подадете си братска рака, создадете сојуз за правда и слобода, и поведете непомирлива борба против народните душмани! Денес од сите краишта на Бугарија и Македонија, Крит, Грција, Албанија, од Дунав до Белото море, од Марица до Дрим и Вардар, се слуша сеопшт глас: да се бори кој како може, со душманот на народот! И ти, несреќен македонски народе! Зарем не го слушаш тој свет завет за правда и слобода, за мир и спокојство, за радост и среќа…? Зарем уште поднесуваш да те газат и бесчестат крстени и некрстени, да гледаш како те колат и како ги ограбуваат твоите браќа? Разбуди се, свести се и спаси се еднаш засекогаш од железните окови што те држат во незнаење и ропство, што ги убиваат твоите свети чувства за слобода и напредок“, пишува во повикот на македонската револуционерна група од 1897 година, во чија прогарама меѓудругото се вели дека “ќе ја проповедаме идејата за создавање на назависна Македонска Репбулика“.

Народ кој нема слобода, не треба да го носи името народ

Во продолжение на овој макеедонски револуционертен повик стар сто и дваесетина години, пишува:

„Браќа Македонци, најдрагоценото, најскапото и најсветото нешто за еден човек е неговата лична слобода; таа слобода е неопходна, бидејќи само преку неа може да се стигне до највисокото совршенство на граѓанскиот живот, до највисокото човечко достоинство. Народ кој нема слобода, не треба да го носи името народ… За секој народ е света должност да се бори и, ако треба, да умре за својата слобода! А не кого можеш да се надеваш за извојување на таа слобода, ти наш скапоцен, угнетен македонски народе, ако не на  своите сопствени сили, на сопствените плеќи? Зарем ќе се надеваш на сите оние ’продажни патриоти’ кои се вртат еднаш кон Русија па кои Англија, Австрија или Франција? Зарем ќе се надеваш на оние нечесни ’големи сили’ кои отворено го помагаат истребувањето на  незаштитената раја… Тие големи сили чиишто топови истребуваат толку многу несреќно робје? И оној цариградски крвопиец Хамид кој ги уништи животите на двеста илјади Ерменци, многу илјади Критјани и уште колку Македонци! Сите крунисани потисници, изедници и тирани создале едно општество, општество на злочинци и џелати за да го држат во ропство потчинетиот народ. И попот в црква, и верата – се е во нивна услуга. Дали може еден совесен народ да им се доверува на  поповите, тие одвратни црнокапци и сатани кои со крстот во рака проповеднаат ’плаши се од Бога, почитувај го царот!’ Веќе настапи време вистината да ја  победи заблудата, науката да го прогони незнаењето, правдата да ги замени привелигиите!“.

Според д-р Михајло Миновски, македонските социјалисти-револуционери уште пред 120 години го повикувале македонскиот народ на самостојна вооружена борба како ’негово право да војува и да победи’,  како единствено средство да ја извојува својата слобода и да создаде своја независна држшава, македонска република со ново, праведно општество во кое ќе владее ’право и правичност, наука и просветеност’.

Затоа во Повикот се  вели дека ’подлата Русија сака да го проголта целиот свет во својата мечкина утроба’, и ’најсилно ја поддржува целоста на турската империја’, додека нејзниот народ ’гние заточен во сибирските рудници’ а банкарите од Англија, Франција и Германија никогаш нема ни да помислат за ослободување на поробените народи затоа што нивните капитали се вложени во турските банки:

„Браќа Македонци! И ти несреќен македонски народе! Придружи се на повикот на радост и надеж, бори се затоа што имаш право да се бориш и да победиш!Одговори на тој пламен, братски повек, мил народе! Напрегни ги своите мажествени сили, засилија својата пламена преданост и енергија кон великото народно дело – и ти да бидеш слободен! Да живее Македонија!“, завршува повикот на македонската раволуционерна група објавен 1897 година по повод Први мај, или како што се вели во текстот – по повод ’празникот на сите народи, кои го влечат тешкиот јарем на ропството, гнасниот и одвратен режим на монархистичка Европа’, каде што ’сите народи се подложени на ограбување, насилства и гнасни  варварства на крунисани и некрунисани цареви и министри’.