Заев го фрли народот во сиромаштија, откако ги покачи цените и за 40% и ги зголеми трошоците за живот ќе отпишува камати, се истакнува во денешната реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со Заев за неполни 12 месеци цените на производите на мало се драстично зголемени. Литар зејтин кој се продавал за 67 денари, сега се продава за 95 денари, литар млеко кое се продавало за 45 денари сега се продава за 52 денари, додека килограм брашно од 34 денари сега се продава за 39 денари. Зголемени се цените на сите основни производи од потрошувачката кошничка, кои се основни намирници, а во исто време над 60.000 луѓе останаа без работа. И додека десетици илјади луѓе се соочуваат со егзистенцијални проблеми и мислат како да го поминат месецот, Заев ќе отпишува камати, и со тоа копира проект на ВМРО-ДПМНЕ кој беше далеку поефективен и неселективен, но и во други економски услови. Во тек на голема криза каква што моментално живееме, народот има потреба од стимул на економијата, отворање на работни места и повисоки плати, за да ја преброди кризата и да застане на нозе, се вели во реакцијата.

Ништо од тоа Заев не прави, се додава во соопштението.

-Тој и луѓето околу него делат тендери и работат со профити додека народот мака мачи да помине месец. Време е да ставиме крај на политиките на поделби на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!- се вели во реакцијата.