Предмалку избувна пожар во Градскиот парк во Скопје.

Горат бараките во близина на стадионот, кои се наоѓаат близина на  детското игралиште кај ресторанот Томче Софка.

Во моментов неколку екипи се на терен и го гаснат пожарот.

Ова е вторпат за неколку месеци да горат овие бараки. Старите судски бараки се запалија на 26 октомври и тогаш во пожарот штета беше направена и на салата Партизан и на ресторанот „Томче Софка“.