Најмалку три лица загинаа, а повеќе стотини се спасени од силното невреме и поројниот дожд кои денеска ја погодија Романија, соопштија романските власти.
Министерството за внатрешни работи на Романија соопшти дека денеска 760 лица се спасени или евакуирани и дека 20.000 работници на итните служби работат на терен, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.
Маж на коњ кој минувал преку река денеска се удавил, откако бујицата го понела. Една жена се удавила во источниот дел на Романија, исто така откако буицата ја однела. Третата жртва е маж кој настрадал во средишниот дел од Романија.
Во повеќе места во земјата имало прекин на струјата, а властите го следат растот на водата во две реки во северна Романија.
Од силно невреме Романија беше погодена и вчера, а последиците може да се видат од видеата што ги објавуваме подолу.