Двајца полицајци биле убиени при претсрелка со напаѓач во гимназија во белгискиот град Лиеж. Непознатиот маж отворил оган врз полицајците, а потоа киднапирал една жена.

Драмата се одвивала на булеварот Авруа во центарот на Лиеж.

Уште еден полицаец и случајни минувачи биле ранети за време на престрелката.

Напаѓачот, според локален поратл, извикувал Али Акбар.

Според извештаите, напаѓачот подоцна бил „неутрализиран“.