Хрватскиот „канадер“ и два македонски ер-трактори во моментов го гаснат пожарот под Пелистер.
Битолските противпожарни сили и вработените во Националниот парк Пелистер од рано утрово се на терен.
Еден крак од пожарот кај Смолево е активен во густа борова шума и е во правец на село Буково. Нема загрозени населени места и објекти.