На меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“ во градот Катанија на Сицилија ноќеска избувнал пожар, што набрзо бил изгаснат.
Сите летови од аеродромот се откажани до 19 јули до 14 часот, соопшти компанијата што управува со тој аеродром SAC.
Пожарот, што избувнал синоќа во 23 часот и 29 минути и веднаш бил пријавен кај пожарникарите, за кусо време бил изгаснат, а патниците биле евакуирани од аеродромската зграда полна со чад.
Притоа имало и патничко стампедо, но нема посериозни повредени, пренесува италијанска Анса.
Пожарот се појвил на долниот кат на аеродромот, додава РАИ.
Причината за пожарот се уште не е утврдена.
фото:Твитер