Девет лица се повредени кога пожар избувнал на американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ за време на маневри во близина на брегот на Калифорнија, соопшти американската морнарица.
„Утрото на 29 ноември избувна пожар на носачот на авиони ’Абрахам Линколн’, брод од класата Нимиц. Пожарот беше брзо лоциран и ставен под контрола благодарение на напорите на екипажот“, се вели во соопштението на американската морнарица.
Девет морнари се здобиле со повреди и им била укажана помош на бродот.
Покрената е истрага во врска со инцидентот, но носачот на авиони не ги прекинал маневрите во областа.
Во јули 2020 година голем пожар целосно го уништи американскиот воен брод „Бонам Ричард“, закотвен во поморска база во Сан Диего, во Калифорнија Тогаш беа повредени 21 лице. Еден од морнарите на бродот беше обвинет за подметнување на пожарот, но подоцна беше ослободен.