Екипи на Националниот парк Шар Планина денеска интервенираат по вчерашното избувнување на шумски пожар над селото Теарце.
Пожарот е се уште активен. За пожарот известена е и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Шумскиот пожар е на непристапен терен.
Опожарена е површина од околу 5-6 хектари букова шума, а дел пасишта и папрат. Дежурна екипа на Националниот парк го следи со присуство на терен и преку директен контакт со граѓани кои престојуваат околу реонот каде што е пожарот, соопшти ЦУК.