Околу 13 часот денеска изби голем пожар пред влезот во Струмица од Радовиш.
Запалена е поголема површина шамак покрај патот, а сообраќајот го регулира полицијата за да можат пожарникарите да го гаснат пожарот.
Во гаснењето на пожарот учествуваат три противпожарни возила на ТППЕ Струмица и 12 пожарникари.
Засега пожарот се држи под контрола и не се дозволува да се прошири.