Силен пожар го пеплоса американскиот град Парадис со 26.000 жители во Северна Калифорнија уништувајќи домови, болница, школи. Властите се уште не се сигурни колку луѓе настрадале додека се обидуваат да го локализираат пожарот кој го шири силен ветар создавајќи пламени јазици високи 15 метри.

Пожарот ги натера жителите на градот што е на 240 километри севрно од Сакраменто во хаотично масовно бегање.

– Градот е уништен, се е уништено, изјави портпарол на калифорнискиот центар за заштита од пожари Скот Маклин.

Градот Чико со 93.000 жители е следен на патот на пожарот кој го засилува ветар што дува со брзина од околу 70 километри на час низ подрачје погодено од суша.