Во случај на непостигнување договор за брегзит, Европската унија сака да воспостави царински контроли во Ирското Море, меѓу Северна Ирска и остатокот со Велика Британија. Тоа се наведува во писмо на премиерката Тереза Меј во кое имале увид лондонски Тајмс.

Според весникот, Меј го напишала тоа до мала северноирска партија од која зависи нејизното мнозинство во Парламентот. Таа наведува дека ЕУ бара резервно решение што би обебзедило во таа британска покраина да се применуваат истите прописи како во Ирска и да се избегне со тоа цврста граница.

Во писмото Меј вели дека никогаш не би се согласила да стапи на сила одвојување на Северна Ирска од Велика Британија.

Тајмс нагласува дека северноирската Демократска унионистичка партија тоа го протолкувала како согласност со британската премиерка таа одредба да се вклучи во правно-обврзувачки договор.