Голем пожар попладнево излегол од контрола се шири во липковскиот крај. Засега пожарот зафаѓа само трева и нискостерблеста шума, според проценките  на ЦУК е сериозен поради тоа е што блиску до шума.

Засега нема опасност за населени места, а на терен се доволен број пожарникарски екипи како и месно население. Сепак, на пожарот ќе треба да се внимава и во текот на утрешниот ден, велат надлежните.

„Пожарот во липковско е на линија Слупчане-Ваксинце во насока на Алашевце. Линијата на огнот е подолга од 300 метри. Во близина има борова шума. Се прават напори да се спречи ширење во таа насока. Гори трева и грумушки“, информираат од Центарот за управување на кризи.

Попладенво голем пожар имаше и во скопско Волково. Запалено губриште покрај Лепенец предизвика пожар од неолку хектари. Изгореја нивни, стрништа, грмушки и ниско стеблести дрвја. Пожарот до 19 часот е речиси изгаснат и ставен по контрола, но поради ветерот брзо се ширел и се доближи до првите куќи во долниот дел на селото.

Во волковскиот пожар изгоре и помошен објект со што е предизвикана мала материјална штета.

Дури 23 пожари во изминативе 24 часа ширум Македонија, од кои 10 се појавиле во текот на денот, а 7 од нив се уште и се активни, но главно ставени под контрола.

Најмногу пожари денеска имало во Скопје и Куманово – по 5. Два во Струмица, Кичево и Гостивар и по еден во Кавадарци, Дојран, Кочани, Делчево, Велес и Тетово. Главно горела деградирана шума, депонии, стрништа.