Нема повредени во пожарот што зафатил една просторија во битолскиот затвор лоциран во месноста „Црн Мост“ во Битола.
Според првичните информации, единствено лекарска помош побарале и им е укажана на неколку чувари во затворот кои вдишале чад.
Се очекува во текот на денот да бидат соопштени информации за причините за пожарот во битолскиот затвор кој веднаш бил изгаснат.