Најмалку тринаесет лица се повредени и пренесени во болница, а околу 1.200 се евакуирани и спасени при пожар во Светскиот трговски центар во Хонгконг, јавува Ал Џезеира.

Околу 300 луѓе беа заробени на покривот на 38-катната зграда, во фреквентниот трговски кварт во Козвеј Беј.

Полицијата и противпожарната служба известуваат дека пожарот во најфреквентниот трговски центар во Хонг Конг е изгаснат.

Локалните власти го класифицираа пожарот како трето ниво на инцидент на скалата од 1 до 5.

Весникот „Саут Чајна Морнинг Пост“ пишува дека купувачите и гостите на ресторанот се меѓу оние кои сè уште се заробени во зградата, која функционира како комплекс на трговски центар и деловен, канцелариски простор.