Пожар избивнал во кругот на фабриката „Охис“ во Скопје.
Пожарот пламнал во кругот на фабриката, а со огнот зафатена е и управната зграда.
Поради пожарот затворен е и патот кон населбата Драчево.
Од фабриката избива црн чад, а од местото се шири неподнослив мирис.
Противпожарни возила се веќе на лице место.
Според штотуку емитуваниот извештај на Канал 5, пожарот во ОХИС е на три места, но заменик командирот на ПП единица во Скопје не можеше да каже дали постои опасност кај депонијата со линдан, акде што добра оолност е што нема трева.
Еден пожарникар вдишал чад, но нема информации каква е неговата состојба.
Според заменик командирот, во последните неколку часа избувнале повеќе пожари во скопско поради ветерот, а пожарникарите се исцрпени.