Пожарот кој беше активен пред два дена во село Павлешенце од страна на Свети Николе се проширил и во дел на Општина Куманово во атарот на селата Павлешенце, Градиште и Габреш информираа од Регионалниот Центар за управување со кризи Куманово. И покрај ангажманот на протвипожарните единици од Куманово и Свети Николе и други институции, пожарот се уште е е активен.
Во пожарот зафатена била поголема површина на запалена сува трева ниско стеблеста деградирана и дабова шума, при што повторно се активирале некои жаришта. Територијалната противпожарна единица Куманово интервенирала со две возила и седум пожарникари од 12 :45 часот.
Пожарот го гасела и една екипа на Шумско стопанство со теренско возило иседум вработени, Дирекција за заштита и спасување Куманово со теренско возило ираководител, како и една екипа од противпожарната единица Свети Николе. Поради лошата конфигурација на теренот делувањето во гасење на пошарот било отежнато, а пожарот е се уште активен. Поради лоша видливост во вечерните часови, и непристапноста на теренот, екипите се повлекле од терен.
Во раните утрински часови екипите повторно се на терен и продолжуваат со делување.
-Ќе работиме до негово целосно ликвидирање заеднички со единицата од Свети Николе и Дирекција за заштита и спасување, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.