Рано утрово избил пожар во викендица на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ, во Леуново, објавија Телма и МКД повикувајќи се на информации од полицијата.

Пожарот бил пријавен во 6:10 часот утрово од викендицата која се наоѓа во близина на хотелот „Радика“ во селото Леуново.

Причините за опожарувањето ќе се испитуваат наверојатно утре, првично станува збор за дефект на оџак. Нема повредени. Пожарот го изгаснала противпожарна единица од Гостивар.

„Утрово во 6.10 часот, М.З. (51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал“, изјавиле од полицијата.

Во текот на денот ден ќе се изврши и увид на местото на настанот.