Пожар во електрана во Русија резултираше со евакуација на 150 лица, објавија денеска руските медиуми.

Во пожарот се повредени три лица, а термоцентралата Новочеркеск престана да произведува топлина и струја.

Гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев, не потврди дека постојат некакви експлозии. Да потсетиме, Ростовската област се наоѓа покрај границата со Украина.

Пожарот може да биде предизвикан од палење на гас за време на одржувањето, рече тој.