Вклучена греалка е причина за пожарот кој избувна попладнево во стан на шестиот кат во новите згради кај Рептил маркетот во Стар Аеродром во Скопје.
Нема повредени лица, само е причинета материјална штета, јави МИА од терен.
Пожарот е изгаснат, а Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје интервенираше со три возила и девет пожарникари.
Како што претходно објавивме пожарот избувна попладнево во стан во новите згради во близина на полииклиниката „Јане Сандански“ во населбата Стар Аеродром.
Пожарот е во стан на ул. „Пандил Шишков“ бр. 8.