Швајцарската полиција соопшти дека утрово шест лица, меѓу кои и деца, загинале во пожарот кој избувнал во станбена зграда во градот Солотурн на северот од Швајцарија, пренесува Асошиектед прес.

Се наведува дека станар од зградата ја известил полицијата дека забележал чад во внатрешноста по скалите.

Полицијата соопшти дека во зградата во моментот на пожарот имало повеќе од 20 луѓе и дека пожарот избил на пониските катови, а потоа чадот се проширил низ зградата.

Засега не е позната причината за избувнување на пожарот.