Пожар доца вечерва избувнал во ТЕЦ Осломеј кај Кичево, дознава ТВ 21.
Според првичните информации на телевизијата, пријавата за пожар е пристигната нешто по 20 часот при што веднаш на терен пристигнале екипи од територијалната противпожарна единица во Кичево.
Пожарот се гаснел до полноќ. Во моментов нема информации за штетата и дали воопшто во овој момент ТЕЦ Осломеј произведува струја.
Дописничката на ТВ 21 од Кичево јавува дека воздухот во градот е загаден и се чуствува лош мирис, но тоа не може да се потврди бидејќи мерната станица не испраќа податоци.
Од Центарот за управување со кризи потврдуваат дека имало интервенција, но повеќе детали најавуваат за утре.
Од ЕСМ, како што објави Фактор, известија дека ТЕЦ Осломеј е исклучен поради самозапалување на јаглен надвор од електраната, во делот за отпепелување и дека се очекува капацитетот повторно да биде вклучен во мрежата.