Доктор Газменд Ибиши од Брзата помош соопшти дека повредените од пожарот во фабриката во Тетово се во добра здравствена состојба, надвор од животна опасност.
Ибиши нагласи дека има три лица кои се задушени од чад додека едно лице е има скршеница на коленото.
„Досега имавме три случаи на асфиксија, кои изгубија дел од кислородот на терен. Не беа во тешка состојба, само ги превезовме на стажантско одделение, добија помош. Имаше цивили кои доброволно укажаа помош и еден со повреда кој беше повреден со овие превозни средства, пренесен е на ортопедија, постои сомневање дека го скршил коленото“, изјави доктор Ибиши.