Девет сириски државјани, меѓу кои осум деца и една мајка загинаа во вчерашниот пожар што го зафати нивниот стан во Бурса, северозападна Турција.
Во пожарот загинаа 31- годишната мајка, нејзините шест деца и двете внуки. Загинатите децата биле на возраст од една до 11 години.
Во пожарот што го зафатил станот на втор кат полесно се повредени три лица од повисоките катови и се хоспитализирани.
Жртвите побегнале од граѓанската војна во сирискиот Алепо во Турција во 2017 година.