Пожар избил во соба од затворско одделение во Казнено-поправниот дом „Шутка“ на улицата „Индира ганди“ бб. Опожарени биле 15 квадратни метри.
Од Територијалната пожарникарска бригада на Град Скопје изјавија дека во гаснењето на пожарот интервенирале со пет возила и 11 пожарникари.
Предизвиканата материјална штета се проценува на околу 60 илјади денари.