Denesen.mk
16.02.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

МИСАЈЛОВСКИ: Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна и безбедна ситуација

РУБИО ВО БУДИМПЕШТА ДО ОРБАН: Претседателот Трамп е посветен на вашиот успех

МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ: Во дијалог со Европската комисија се операционализираат решенијата соодветно на барањата на македонските превозници

ПАНЧЕВСКИ: Гангренозниот правосуден систем се уште опстојува и тоа мора да се промени

4.490 сообраќајни прекршоци за една недела – „Безбеден град“ бележи пад на прекршоците од 10%

Македонија

Пожари во источна Македонија: Запалени стрништа изгореа лозја и овоштарници

/ 20.02.2019
Share
Пожари во источна Македонија: Запалени стрништа изгореа лозја и овоштарници

Земјоделците од Овчеполскиот, но и од целиот источен регион интензивно ги платат стрништата, со што се подготвуваат за претстојната пролетна сеидба на нивите.

Но, запалените стрништа деновиве направија и големи штети на останатите земјоделци. Билтенот на СВР-Штип денеска нотира неколку пожари, во кои има големи материјални штети од запалените стрништа.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова информира дека вчера околу 12.00 часот на место викано Кривчева река, атар на Свети Николе настанал пожар со кој била зафатена површина од околу еден хектар лозје и стрниште. Пожарот е локализиран од страна на ТППЕ – Свети Николе.

-Вчера  во периодот од 13.00-14.30 часот на место викано Суви Дум, атар на село Горобинци, Свети Николе настанале три пожари, со кои биле зафатени пет декари лозови насади и околу четири  декари стрниште. Пожарот е локализиран од страна на пожарникарите од Свети Николе, вели Панајотова.

Голем пожар од вчера има на место викано Џуанец, во атарот на беровското село Двориште, со кој била зафатена поголема површина сува трева, ситен шумски отпад и грмушки, јасика и бор, опожарени биле и објекти сопственост на В.К. од село Двориште. Пожарот околу 20.30 часот се проширил и го зафатил место викано Дополовски колиби, кое е во близина на границата со Република Бугарија.

Панајотова вели дека во тек е гаснењето на овој пожар. Пожарникарите од источниот регион неколку пати алармираат дека штетите се големи, што се прават со палење на стрништата, а тие интервенциите мора да ги прават со застарените возила и опрема. Бараат на терен да излезат државните инспектори, коишто имаат ингеренции да ги казнуваат несовесните земјоделци, што ги палат нивите пред претстојната сеидба.

Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Ознаки: пожари
Од истата категорија

МИСАЈЛОВСКИ: Процесот на проширување премногу трае

МИСАЈЛОВСКИ: Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна и безбедна ситуација

ПАНЧЕВСКИ: Гангренозниот правосуден систем се уште опстојува и тоа мора да се промени

КОВАЧКИ: Македонија е лојален и доверлив партнер на НАТО, продолжуваме со зајакнување на одбраната и колективната безбедност

4.490 сообраќајни прекршоци за една недела – „Безбеден град“ бележи пад на прекршоците од 10%

Милионска кражба во Чаир, менаџер на продавница со месеци ги празнел касите!

Најнови вести

МИСАЈЛОВСКИ: Процесот на проширување премногу трае


МИСАЈЛОВСКИ: Македонија има стратешки пријатели, имаме стабилна и безбедна ситуација


РУБИО ВО БУДИМПЕШТА ДО ОРБАН: Претседателот Трамп е посветен на вашиот успех


МАЛОУН КАЈ ЏО РОГАН: Веднаш пронајдовме дека фамосан, целекоксиб и ивермектин лечат Ковид, ФДА одби


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ