Најмалку шест лица загинаа во пожарите во Калифорнија, што речиси двојно се зголемија од предходниот ден и прараснаа во најголемите во историјата на оваа американска сојузна држава.

Британските медиуми наведуваат дека 43 пожарникари и цивили се повредени во пожарите предизвикани од громови, притоа биле уништени повеќе од 500 домови и други згради, а десетици илјади луѓе се евакуирани.

Пожарите се активни на подрачје двојно поголемо од територијата на Лос Анџелес.

Еден од пожарите е на само 1,6 километри од универзитетот Калифорнија, во Санта Круз, што предизвика кампусот да биде евакуиран, а нов пожар се разгоре во близина на националниот парк Јосемити, што, исто така, ги принуди жителите да ги напуштат своите домови, пренесуваат американските медиуми.

Санта Круз, крајбрежен град со 65.000 жители и не е толку лошо погоден од пожарот, но градоначалникот синоќа ги предупреди жителите да бидат подготвени да се евакуираат, да обезбедат доволно гориво и да ги спакуваат важните документи, лекови и други лични работи.

Три големи пожари, што се формираа од десетици помали, опфатија површина од 2.000 квадратни километри шуми, кањони и рурални области северно, источно и јужно од Сан Франциско.