Бројот на загинати во пожарите во Калифорнија се зголеми на 31 откако уште шест луѓе беа пронајдени мртви, соопштија властите.
Телата на петмина се пронајдени во нивните изгорени куќи додека шестото тело е пронајдено во возило во северна Калифорнија. Полицијата соопшти дека повеќе од 200 луѓе се водат како исчезнати.
Повеќе од 250.000 луѓе примиле налог за евакуација од домови близу Сакраменто, главен град на таа американска држава како и во Малибу.
Пожарот изби во четвртокот и е најразорен во историјата на Калифорнија со уништени над 6700 куќи и болница во градот во Парадајс каде има 27.000 жители. Пожарот уништи повеќе од 40.000 хектари земја и е „совладан“ само 25 отсто.