Фашизмот и нацизмот се нехумани идеологии, но се моќни бидејќи се потпираат на инстикти, а во услови на војна инстиктот за преживување засилува, изјави синоќа грчкиот премиер Алексис Ципрас на маргините на Меѓународниот форум во Париз.

– Ултрадесничарите и националистите имаат свој план што е јасен и безвремен. Да се подели општеството, цели кон одредени општествени групи, култивирање страв и признавање на националната горделивост што се однесува само на одбрани. И Хитлер и Мусолини се обраќале во општетва со проблеми каде преовладувале страв и очај, нагласи Ципрас.

Тој истакна дека сега се соочуваме со „историско дежа ви“. Ципрас вели дека по војната, меѓу поразените преовладал инстикт на одмазда и дека всушност тоа она што тогашните демагози го искористиле.