Пожарникар настрада при гаснење на опожарен оџак во Штип, соопшти МВР.
Настанот се случил вчера околу 17,15 часот во Штип на улица „Браќа Даневи“ при гаснење на пожар (оџак од зграда на наведената адреса), на Ѓ.Џ.(57) – пожарникар, му се влошила здравствената состојба и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип каде била констатирана смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Извршен бил увид на местото на настанот.