Портпаролот на Одделот за противпожарна заштита во Париз изјави дека следниот час и половина е „од пресудно значење” за да се утврди дали пожарот може да се задржи.
Стотици пожарникари се на местото на настанот, а противпожарната бригада во Париз вели дека прави сѐ што може да го стави „страшниот оган” под контрола.
„Се користат сите средства, освен канадери, кои, доколку се употребат, можат да доведат до колапс на целата конструкција на катедралата”, рече тој.
Претходно претседател на САД Доналд Трамп повика да се вклучат водени танкери во гаснењето на пожарот.
„Толку е ужасно да се гледа огромен оган во катедралата Нотр-Дам во Париз. Можеби водени танкери би можеле да се искористат за огнот за да се изгаси. Мора брзо да се дејствува “, напиша Трамп на Твитер.
– Срцепарателни сцени од Катедралата Нотр Дам во пламен. Лондон денеска тагува со Париз, посочи Кан.
Поради пожарот во Катедралата Нотр Дам се огласи и првата дама на САД, Меланија Трамп.
– Моето срце се кине поради Парижаните, напиша Меланија Трамп на Твитер, додавајќи оти се моли за безбедност на секого.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс катедралата ја нарече „симбол на верата на луѓето од целиот свет“.
Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск на Твитер на француски јазик напиша: „’Наша дама’ припаѓа на сите Европејци“.
Пораки со поддршка испратија и градоначалниците на Мадрид и Лондон, Мануел Кармен и Садик Кан.