Целосно се урна покривот на познатата катедрала Нотр Дам во париз откако попладнево голем пожар ја зафати катедралата.

Претходно се урна и кулата од пожарот, кој избил на таванот во 18.50 часот.

Засега не се знаат причините за пожарот, но се претпоставува дека е поврзано со реновирањето на катедралата.

Портпаролот на катедралата изјави дека гори цела контсрукција: „Ништо нема да остане“.

Очевидци на социјалните мрежи споделуваат страотни фотографии и снимки од големиот пожар.