Даниела Алексовска освои златен медал на Европското првенство во ММА во јуниорска конкуренција кое се одржува во Белград.
Во финалето, Алексовска викендов ја совлада Анастасија Хордовиска од Украина.
До победата Македонката дојде уште во првата рунда по извонреден зафат со нозе.
На Европско првенство во српската престолнина злато на Македонија и донесе и Марко Трајановски.
Фото: Инстаграм