Откако португалскиот стратег Жозе Мурињо доби отказ утрово, Манчестер Јунајтед е во потрага по нов тренер. Англиските медиуми веќе шпекулираат со неколку имиња.
„Црвените ѓаволи“ објавија дека ќе биде именуван ВД тренер што ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, а дури потоа треба да биде именуван тренерот кој на долги патеки би го предводел клубот.
Според влијателниот „Скај спорт“, досегашниот помошник на Мурињо, Мајкл Керик ќе биде наследник на Португалецот. Триесет и седумгодишниот Керик цели 12 сезони го носешe дресот на Манчестер Јунајтед.
Керик за „Црвените ѓаволи“ има одиграно 316 натпревари и постигнато 17 гола. Неколку други медиуми шпекулираат со имињата на Лоран Блан и Оле Гунар Солскјер.