Новиот напаѓач на Реал Мадрид, Маријано Дијаз, ќе игра со број 7 во следната сезона, тврди Кадена Копе.
25-годишниот стрелец се врати на „Сантијаго Бернабеу“, а Флорентино Перез одлучи „седмицата“ на Кристијано Роналдо да оди на неговиот грб.
Денес, поранешниот стрелец на Лион помина медицински истражувања и ќе биде претставен пред новинарите.
Шпанецот со корени од Доминиканската република, постигна 21 гол за Лион и успеа да ја освои довербата на европскиот шампион.