Почина младиот пејач Момир Луковац (24) од Црна Гора, соопштија од Здружението на поп-уметници на Црна Гора и учесници на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“. Српскиот портал Нова.рс објави дека младиот пејач наводно извршил самоу*иство.
Тажната вест неофицијално за „Блиц“ ја потврдија неколку колеги на пејачот.
Негов ментор беше Александар Милиќ- Мили, а Момир последниот настап во „Ѕвездите на Гранд“ го имаше кон крајот на јануари оваа година. Тогаш ги отпеал песните „Проколната виолина“ од Саша Матиќ и „Таа да ме сакаше“.