Пејачката Марија Шерифовиќ на социјалните мрежи сподели тажна вест, а тоа е дека нејзиниот пријател починал.

Шерифовиќ напиша и проштална порака која ја објави заедно со фотографијата од пријателот.

-Добар наш друже, занемев. Почивај во мир и ќе се видиме некаде, некогаш, напиша потресена Марија.

Инаку, единствено нешто што е познато е дека Ненад, пријателот на Марија кој починал се занимавал со дизајн и фотографија.

За потсетување, Шерифовиќ неодамна се најде во центарот на вниманието откако беше дисквалификувана една од нејзините натпреварувачки во „Ѕвездите на Гранд“.