ПРОФ. АТАНАСОВСКИ: Кога Кирил и Методиј се родени во Солун, границата на Бугарија е кај Софија!

/ 04.10.2020

Проф. Алеккандар АТАНАСОВСКИ

Иако датумот на раѓање на Методиј се уште не е утврден, историчарите го датираат од 810-тата до 825-тата година значи во тој период. За Кирил е утврдено дека е роден 827 година.

Тие се родени во Солун. Знаете ли каде биле Бугарите тогаш, 814-та, 815-та е потпишан договор за мир помеѓу Византија и Бугарија, на Бугарија и е отстапена само Сердика, денешна Софија и границата е северно таму зад Витош. Јужно од Софија Бугари нема никаде. Како тогаш овие што се родиле во Солун 810-тата, 825-тата година се Бугари?

Бугарите продреле до Солун дури некаде во 904-тата година. Во времето на Борис тие продреа некаде до Беласица, до границата на Византија и Бугарија по Беласица. Отприлика денешната граница помеѓу Македонија и Грција со тоа што кај Костур слегува малку јужно и излегува на албанското крајбрежје, значи зборувам за 864 договорот помеѓу Византија и Бугарија, а тогаш Кирил и Методиј се во Моравија и тие работат против Бугарија бидејќи таа била во сојуз со Германија, а тие во Моравија ги штитат византиските интереси и делуваат на страната на Моравците за да го спречат тој воен сојуз помеѓу Бугарија и Германија.

Значи луѓе кои што работеле против Бугарија тие сега ги присвојуваат за свои, вели професорот, византолог Александар Атанасовски.


Од истата категорија