Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со резерва гледа на Законот за спречување и заштита од дискриминација предложен од Зоран Заев и Мила Царовска, бидејќи во предлог законот се брише одредбата дека бракот е заедница помеѓу маж и жена.

Ова се истакнува во денешната реакција на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со прес конференцијата на Јагода Шахпаска.

– Ги прашуваме Зоран Заев и Мила Царовска зошто сакаат да ја сменат дефиницијата на брак помеѓу еден маж и една жена, како и политика на посвојување на деца? Јавно прашуваме што значи воведувањето на новиот термин „родов идентитет“? Досегашното македонско законодавство го познава поимот пол, кој што може да биде машки и женски. Полот е билошки детерминиран, со биолошките карактеристики. Го прашуваме предлагачите што значи воведувањето на терминот „родов идентитет“? Дали родовиот идентитет може да биде флуиден и променлив, се вели во реакцијата.

Натаму пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ прашува дали воведувањето на категоријата „родов индентитет“ и промена на дефиницијата на бракот ќе доведе до промена на наставните планови и лекции за децата во градинките и основните училишта ?

– Што значи актуелната предложена измена на законот за матичната евиденција со кој се овозможува промена на полот и единствениот матичен број во матичните книги. Дали ќе се укинат термините мајка и татко вклчувајќи ги наставните содржни во основното образование и дали следно е воведување на терминологијата родител А и родител Б. Ова се крупни општествени прашања за кои сличен поглед имаат сите граѓани православните, муслиманите, католциите, протестаните, евреите и сите останати.  Во врска со овие прашања потребно е да се земат предвид ставовите на МПЦ, ИВЗ, Катлочката црква, еврејската заедница и другите верски заедници. Живееме во држава и општество каде огромното мнозинство на граѓани се приврзаници до традиционалите и семејните вредности, кои што се наша заедничка вредност, се вели во реакцијата.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата секогаш е против било која форма на дискирминација и сака да гради општество без дискриминација.