Пратеничка од левицата во Ирска, Клер Дејли, во свој говор во Европарламентот ја нарече шефицата на ЕК Урсула Фон Дер Лајен „госпоѓа геноцид“. Пратеничката го критикуваше пакетот кој Европската унија го подготви за невладините организации и според неа, ЕУ станала институција која презира демократија.

Оваа жена која дојде на власт без ниту еден глас од граѓаните последните два месеци ги неутрализираше надворешната политика на избраните влади, го поздравува бруталниот режим на апартхејдот што го нарекува „вистинска демократија“ додека рушеше град на деца. На овие поборници за демократија – не благодарам. Мислам дека зборувам од името на многу европски граѓани кога велам „госпоѓо геноцид“ – рече Дејли критикувајќи ја поддршката што Фон Дер Лајен му ја дава на Израел.