Пратеничката Марија Цветкова, која припаѓа на владејачкото мнозинство во Бугарија по прогласувањето на 24.Мај за „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“ изјави дека Македонија и Бугарија се две држави, но со ист народ.
-Никогаш не престанавме да и подаваме рака на Македонија. Бугарија ја призна независноста на Македонија пред 30 години со цел да добие независност од Југославија. Бугарија направи се што е можно за да можат другите земји да ја признаат. Со промената што ние од ВМРО-БНД и „Обединетите патриоти“ ја предложивме во Законот за работни на светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука. Со промена на словенското писмо со бугарско во името на празникот, ние му даваме тежина на бугарското писмо. Покажуваме дека кирилицата е основа на словенската литература.
Цветкова ова го изјави гостувајќи во програмата Теми на ТВ Европа. Таа нагласи дека не се откажуваат од делото на светите браќа Кирил и Методиј.
-Тие не беа присутни во формулацијата на празникот. За прв пат тие постојат во неа, затоа покажуваме почит кон нивната работа. Формулацијата помеѓу првото и второто читање се смени, благодарение на дискусиите со научниците и претставниците на Бугарската академија на науките, рече Цветкова.