Не само што ја распродадовте Македонија, не пониживте и не срамите сите, неспособни сте на секое поле! Мерките не даваат резултати! Оние кои добија картички до 6.000 денари помош, ги потрошија.
Ова денеска го објави Ели Панова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.
– Над 2.500 семејства повеќе во Струмица остануваат со намалени приходи а ние глумиме нова реалност! На 31.12.2019 година бројот на невработени лица кои бараат работа во Струмица е 4.105 (бројки од АВРМ), а на 31.10.2020 година бројот на невработени лица кои бараат работа во Струмица е 6.664 (бројки од АВРМ), објави Панова.
Како што е познато, премиерот Зоран Заев и неговиот СДСМ во повеќе мандати ја имаат локалната власт во Струмица.