Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите можности согласно Уставот, закон и Деловникот за работа на Собранието да го спречи изборот на Кацарска за избор на уставен судија, истакна Ели Панова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.
-Кацарска е судија на која Уставен суд и поништил одлука, таа е извршител и џелатот на власта. Кацарска е негативен пример за кој пишуваа Универзитети од САД, таа не може и не смее да биде уставен судија. Со предлогот Кацарска да биде Уставен судија само се заокружува договорот помеѓу власта и Кацарска. Таа требаше сите неистомисленици да ги осуди на максимална казна а за возврат да биде избрана за Уставен судија. Кацарска не е ниту морално, ниту стручно соодветна за да биде Уставен судија. Нејзината номинација е благодарност и оддолжување од трас-трас луј витон судството на власта, поради извршувањето на нарачките за драгонски казни. Кацарска значи неправда, а нејзиниот избор значи целосна контрола на власта врз Уставниот суд. Во свое гостување на во телевизиска емисија во телевизијата на сега веќе осудениот Боки 13 сама кажа дека е комуњарка, истакна таа.
Панова потенцираше дека Кацарска беше дел од предметот „Поткуп“ во кој Зоран Заев беше фатен со видео и аудио снимка како зема поткуп, предмет во кој таа снимка не се призна за доказ, а Заев беше ослободен.
-Добрила Кацарска јавно се постави како Портпарол на СДСМ во време на кампањата за Парламентарните избори 2020, кога за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски зборуваше дека застанал на страната на криминалот и бранел криминалци, затоа што партијата искажала критика за нејзиното работење. Апсолутистот Луј 14-ти рекол „Државата, тоа сум јас“. Кацарска, извршителот власта, егзекуторот на одлуките на Бихаќка вели: „Правдата, тоа сум јас“. Зошто Кацарска не може да биде Уставен судија говори и фактот што таа не го почитува Уставот. Кацарска е судија на кој Уставниот суд и поништил одлука. Судија кој не го знае и почитува Уставот не смее да биде Уставен судија. Дополнително Комисијата за заштита од дискриминација утврди во повеќе наврати дека судијата Добрила Кацарска повредувала основни човекови права. Кацарска е судија која не ги почитува жените. Противуставните одлуки на Кацарска станаа предмет на интерес и на најврвните универзитети во светот, како Универзитетот Колумбија од САД кој пишува за Добрила Кацарска како судија кој го прекршил Уставот и Европската конвенција за човекови права. Само во Северна Кореја и некои афрички племиња за Уставен судија би се избрал некој кој го прекршил Уставот и човековите права, потврдено со одлука на Уставен суд. Но власта тоа не е проблем. Поставувањето на Кацарска за судија во Уставен суд е исто иста како одлуката Зоран Заев, трипати аболициран, да раководи со советот за реформи во правосудството. Или на Лидија Димова да и се даде да биде Министерка за финансии. Или најпрецизно, како на Катица Јанева да и се дозволи да биде министерка за правда, истакна таа.
Панова посочи:
„Кацарска држеше маратонски рочишта секој ден во неделата пред промената на името во случајот во кој имаше 5 обвинети пратеници, од кои тројца гласаа за промена на името и добија амнестија. За на крај својата пресуда со која на 211 години затвор осуди луѓе за измисленото дело тероризам да ја темели на исказите на докажаниот криминалец и лажен сведок на суд, Александар Василевски – Нинџа кој 4 пати го менуваше исказот за 27-ми април искажувајќи бројни лаги и измислици. Кацарска не им веруваше на сведоци под заклетва, туку на заколнат криминалец.
Кацарска со драгонски казни со прекршување на законите ја осуди и Јанкулоска, Талевски, Поповски и многу други кои не се истомисленици со власта.
Поставувањето на Кацарска во Уставен е само продолжување на праксата на СДСМ. Секогаш кога СДСМ е на власт, за судии во Уставен суд бира луѓе од многу голема доверба за самиот врв, како што на пример беше и судијката Габер Дамјановска.
Овие судско обвинителски кланови мора да станат минато“.