Од говорница на грчкиот парламент, пратеникот од Сириза, Јоргос Усузидис, се обрати кон „северните соседи“ на Грција, зборувајќи на чист бугарски јазик, објавувајќи го за македонски, пренесе newsbg.eu
„Се обраќам кон северните соседи, сакам да им предадам послание на нивнот јазик, на јужнослoвенскиот, како што јасно се посочува во договорот. Цeнети соседи, пријатели од Република Северна Македонија, време е да го оставиме во минатото тоа што не дели, и да се свртиме напред кон вземно разбирање и љубов“, рекол Усузидис од говорницата на парламентот.
Грчките медиуми, како што посочува бугарски Блиц појаснуват дека „македонскиот“ е официјален јазик на бивашата југословенска Решублика Македонија и дека тој е еден од многуте бугарски дијалекти. Како официјален јазик е создаден во 1945 година, а дотогаш е користен како усен идиом во Скопје.