Јас не сум Бугарин, јас сум Македонец, роден во Загоричани и се залагам за македонска држава, вели Димитар Благоев во својот говор во бугарското Собрание во Софија во 1917 година.

Благоев бил пратеник во Собранието на Бугарија, во 1917 година, што значи многу пред времето пред доаѓањето на Јосип Броз Тито на политичката сцена и создавањето на Југославија, што ги урива тезите на бугарските шовинисти дека „македонската нација ја создал Тито“.

Пратеникот Благоев од говорницата среде Софија јасно и директно и кажал на целата бугарска јавност дека тој е Македонец, а не Бугарин.

– Како таков, ако сакате да знаете јас сум за Македонија како словенска земја со сопствено управување. Каква историја!? Таа ли која вие ја фалсификувате? Таква историја ние не ви признаваме, вие не сте за обединување на Бугарите туку за завладување на словенските племиња. Ако сте убедени дека има Бугари зошто се плашите од референдум. Значи не сте сигурни, значи има нешто што ве тревозжи…, вели во својот говор пратеникот Благоев.

(Подготви: Д.Г.)