Граѓани на социјалните мрежи бурно реагираат на иницијативата на владејачките партии да го измени Кривичниот законик и да воведе драстично пиниски казни за некои повеќе дела.

На социјалните мрежи е објавена фотографија на искината диплома од Правниот факултет поради револт од тоа што го презема власта за да се заштитат по заминувањето од владејачките фотелји.

– После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. П.чка ви матер!- револтирано искоментира дипломираниот правник Умејр Муамеди.

Тој во прилог објави фотографија од искинатата диплома.

Бурно реагираат и голем број други граѓани и овие измени на Кривичниот законик, со европско знаменце, ги толкуваат како подготовка на актуелната власт за одење во опозиција и за поблаги казни за тие што во овој поериод направиле кривични дела.