Согласно Законот за празниците, 23 мај (недела), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

МТСП воедно им го честита празникот на граѓаните припадници на влашката заедница во земјава.