Скопското ОЈО пред еден месец ја затворило истрагата против судијата Ељведин Ферати откако Државниот просветен инспекторат покрена постапка бидејќи со пречкртување си поправал оценки на Тетовскиот универзитет.
Како што објавува СМК, се појавиле документи од Тетовскиот универзитет според кои во 2014 година Ферати преположил 4 испити и така си го покачил просекот за да се запише на Академијата за судии, тврдат од ОЈО.
Нејасно е како Државниот просветен инспекторат при контролата во Државниот универзитет во Тетово, не ги видел документите за преполагање, кога утврдил дека Ферати се пријавил на тогашниот оглас во Академијата со оценка 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88, пишува СМК.
Ферати, кој од 2020 година е избран за судија во Основниот суд во Тетово, вчера за прегазувањето на 22-годишната Теодора Ристовска на пешачки премин, на повтореното судење на Менсур Пајазити му досуди казна од само 2 години затвор.
Јавниот обвинител кој постапувал во предметот против Ферати, на 10 март година донел резолуција со која констатирал дека не се исполнети елементите врз основа на кои би можел да преземе кривичен прогон по службена должност против Ферати.
Спротивно на ОЈО, на 27 декември 2023 година тогашната претседателка на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска рече дека немало барања и пријави од Ферати за преполагање на испити за така да го крене просекот за да стане судија.
„Оценките биле пречкртани и поправени во повисоки, а притоа немало ни барања за преполагање на испити, ни пријави, ниту пак докази за преположување на трите испита, изјави тогаш Ивановска.