Една госпоѓа која учествувала во анкета во Загреб во пресрет на Денот на вљубените го насмеа регионот со искрената изјава за нејзиниот неверен сопруг.

„Морам да кажам дека бев во брак 56 години. Никогаш повеќе не би се врзала. Мислам, има кандидати затоа што не сум баш гола и боса. Овие постарите сакаат некој да ги пере, да им чисти, да ги храни… мене тоа веќе не ми треба“, изјавила таа.

Новинарката потоа ја прашала што повеќе претпочитала кога била во брак – да вечера дома или во ресторан.

@24sata Ususret Danu zaljubljenih: ‘Muž je u restoran vodio druge žene, a na meni je štedio’ 😂 #24sata #voxpopuli #danzaljubljenih #valentinovo ♬ original sound – 24sata


„Ма, каков ресторан. Мојот сопруг носеше други жени во ресторан, а на мене штедеше. Нека знаат – го има и тоа. Сега јадам во ресторани и знам да ги однесам моите пријателки на јагнешко“, одговорила таа.

Оваа нејзина изјава била повод за бројни коментари на социјалните мрежи, а многу луѓе ѝ честитале на искреноста.

„Браво. Уживајте сега, госпоѓо“, „Кралице, не се откажувајте“, „Бабо, јас сакам да сум ти пријателка“, „Правдата дојде. Вие сега уживате, а тој?“, „Подобро ви е без него“, се дел од реакциите. Видеото досега доби повеќе од 50.000 лајкови на ТикТок.