Многу коментари на социјалните мрежи во Србија, а и во Македонија, предизвика фотографијата на која се гледа претседателот на Србија, Александар Вучиќ, седи спроти претседателот на САД, Трамп.
Политичарите и јавноста изјавија дека станува збор за големо понижување, но многумина го пропуштија фактот дека истото го доживеа и премиерот на Косово, Авдулах Хоти.
На состанокот, тој мораше да го повлече столчето до телефонската линија, по наредба на Трамп, за да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пренесува „Нова.рс“.
Да беше Хоти искусен, ќе почекаше неколку секунди некој од присутните од протоколот тоа да го стори наместо него или во најлоша варијанта ќе зборуваше со Нетанјаху стоејќи за потоа да седен назад на „ученичкото“ столче поставено на „ковид“ растојание од Трамп. Впрочем, видеото покажува дека еден од присутните го поемстува телефонот кон Хоти а потоа се обидува и да го помести столчето, но, зошто кога Хоти може сам.
Хоти беше на состанок со Трамп, кога претседателот на САД одлучи да го повика израелскиот премиер и тие му се заблагодарија за поддршката што ја даде на договорот.
Трамп му кажа на Нетанјаху дека неговиот чин ги радува лидерите на Косово и дека премиерот на Косово лично ќе му се обрати, со цел да му се заблагодари.
Кога Хоти започна да зборува, Трамп рече дека е подобро да се доближи до телефонот за да може да го слушне премиерот на Израел, што Хоти и го направи. Понизно ја повлече столицата и продолжи да зборува.